Home Актуелно Трајковски „се врати од кај Груевски“

Трајковски „се врати од кај Груевски“

Советникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба и вработен во Царинската управа, Александар Трајковски, кој беше „уловен“ на фотографија заедно со Никола Груевски во Будимпешта, за прв пат се појави во јавност по враќањето од Унгарија.

Трајковски денеска мораше да се појави на судското рочиште за „Насилство во Центар“ и нарачувањето на шамари за Андреј Жерновски, бидејќи во спротивно СЈО предупреди дека ќе бара притвор за вработениот во Царинската управа.

Царинската управа објави дека тој земал неколкудневно болдеување, а најверојатно Трајковски истото го искористил за да го посети Груевски во Будимпешта.

Пред почетокот на рочиштето не сакаше да даде изјави за медиумите. Подоцна тој изјави дека во Будимпешта не бил да го посети Груевски, туку „на лекарски испитувања поради намален капацитет на белите дробови“.

Тој изјави дека да бил еден чекор поназад кога била направена фотографијата, немало ни да се знае дека бил во Будимпешта.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…