Home Актуелно Трагедија на Клиниката за дигестивна хирургија: Пациент паднал од тераса и починал

Трагедија на Клиниката за дигестивна хирургија: Пациент паднал од тераса и починал

72-годишен пациент од Кавадарци починал на КАРИЛ, откако од терасата од третиот кат на Дигестивната хирургија паднал на вториот кат.

Несреќата се случила во неделата вечерта околу три часот по полноќ. Ден претходно бил опериран од жолчка, а во понеделникот требало да си замине дома. Кога пристигнал неговиот син да го земе, докторот му ја раскажал случката.

За тоа како дошло до трагичниот настан нема официјлен одговор од страна на Клиниката за дигестивна хиругрија. Роднините велат дека ќе бараат одговорност за трагедијата.

Телото е предадено на обудукција во судска медицина, каде треба да се потврди причината за смртта.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…