Топол и сончев последен октомвриски ден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И денеска, 31. октомври, во Македонија ќе имаме сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 24 Целзиусови степени, Маврово 19, Охрид 20, Битола и Крива Паланка 22, Берово 21, Кавадарци 24, Дојран 26.

И утре ќе имаме претежно сончево и релативно топло време. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 20 до 27 степени.