Шефот на украинското воено разузнавање тврди: Вистинскиот Путин можеби веќе не постои


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шефот на воена разузнавачка служба на Украина, генерал-мајорот Кирило Буданов, утврдил дека рускиот претседател Владимир Путин можеби има тројца двојници – луѓе што биле подложени на пластична операција за да личат што повеќе на него.

Буданов смета дека овие двојници се особено во игра сега, додека Путин ја губи контролата во Кремљ и додека се шират вести дека боледува од Паркинсонова болест и можеби има рак.

Во интервју за британскиот таблоид „Мејл он сандеј“, Буданов рече дека украинските тајни служби ги откриле двојниците на Путин, кои го заменувале во неколку „посебни прилики“ во минатото, но дека овие замени сега станале „вообичаена практика“.

„Конкретно знаеме за три лица што постојано се појавуваат на негово место, но не знаеме точно колку се вкупно. Вистинскиот Путин можеби веќе и не постои“, рече Буданов.

„Сите направиле пластични операции за да личат на него. Единственото нешто што ги оддава е нивната висина. Тоа е видливо на снимките и на сликите. Тоа го откриваат и гестовите, говорот на телото и ушните ресички, кои се уникатни за секој човек“, додаде тој.

Буданов не сакал да шпекулира дали Путин се повлекол поради болест или е извршен тивок пуч внатре во Кремљ. Но тој вели дека ослободувањето на Херсон од страна на Украина може да има драматични последици за Путин и неговите соработници.

„Промените во Москва се неизбежни“, рече тој.