За сите оние моменти кога сакате да се опуштите – но со стил.
Првите есенски дождови и студени октомвриски денови се тука, носејќи ја онаа препознатлива желба да се замотате под меко ќебе, да ја вклучите омилената серија и да уживате додека капките дожд лагано се лизгаат по прозорот. А додека многумина во такви моменти избираат „што и да им се најде при рака“, вистинската cozy атмосфера започнува од облеката – кога носите нешто што е удобно, а истовремено и беспрекорно шик – пижами што го красат дури и најлежерниот ден поминат дома.
Во овој есенски период, домашната облека станува новиот луксуз. Заборавете на старата тренерка – трендот сега се елегантни комплети што ја спојуваат удобноста и софистицираноста. Во понудата има пижами од мек памук, свиленкаст сатен и мазен џерси, сечени во стилови што варираат од класични кошули со копчиња, преку oversize горни делови, до женствени slip фустанчиња и шорцеви со top.
Идеални се тие што го следат ритамот на раните есенски вечери: долги ракави, широки ногавици, лесни, „дишачки“ материјали и доволно простор за да се чувствувате слободно, но и средено во исто време.
За дополнителен шарм, изберете пижами со сатенска текстура и земјени бои – беж, кафеава, маслинесто зелена – или пак со романтични детали како тантела и контрастни рабови. А ако сте расположени за игра со бои, розова, фуксија или пастелно сина ќе внесат живост и на најмрачниот дождовен ден. Класични мотиви како пруги и каро дезени никогаш не излегуваат од мода – бидејќи cozy не значи и здодевно.
Затоа, наместо да се прашувате што да облечете додека сте дома, препуштете се на мекоста и стилот. Ние ги избравме 7-те најубави пижами комплети што ќе ве следат низ првите студени вечери, утрата со кафе, и оние долги, мрзливи викенди кога единствената желба ви е – да не правите апсолутно ништо.