Топла есенска среда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот 19-ти октомвриски ден во Македонија носи топло есенско време.

Утрото ќе биде студено со слаба магла по одделни котлини, а во текот на денот претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот од север облачностa ќе се зголемува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 6, а максималната ќе достигне од 20 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и релативно топло, во делови од котлината со слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Утре ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието што ќе предизвика до сабота дневната температура да биде пониска за неколку степени. За време на викендот по котлините ќе има појава на магла.