До почетокот на ноември Украина би можела да биде обвиена во целосен мрак


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На повеќето фронтови во Украина последниве денови не се случуваат сериозни битки. По минатонеделната неуспешна офанзива на херсонското бојно поле кај Криви Рог, украинската армија се повлече на почетните позиции и сега долж фронтот главно се разменува артилериски оган.

Од друга страна, Русија со денови врши масовни ракетни напади врз инфраструктурните објекти низ Украина. Со крстосувачки ракети и беспилотни летала, систематски ги уништува термоцентралите, трафостаниците, преносната електромрежа и железничките јазли во Киев, Дњепропетровск, Лавов, Запорожје, Харков, Миколаев, Житомир, Виница и други места.

Во руските воздушни напади од 10 октомври се уништени 30 отсто од украинските електрани, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој на Твитер напиша дека нападите предизвикале масовни прекини на струјата низ Украина и дека „не остана простор за преговори“ со рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Ројтерс.

Руските сили денеска ја нападнаа енергетската инфраструктура во северниот дел на Киев, а над градот беа забележани неколку експлозии и чад, додека градот Житомир остана без струја и вода, соопштија украинските власти и очевидци.

Вчера во Киев четири пати беше огласувана воздушна опасност, а во центарот на градот беше уништен сметководствениот центар на украинската електроиндустрија.

Претходно додека официјални лица од Киев постојано го споменуваа мостот на Крим како „легитимна цел“, Москва предупредуваше дека не смеат да го сторат тоа бидејќи ќе следува „жесток одговор“. Одредени руски политичари им порачаа на Украинците дека ако го нападнат мостот на Крим, Украина ќе биде „вратена во 19 век, без вода, струја и греење“.

Се чини дека тоа деновиве и се случува. Се интензивираат руските напади врз инфраструктурата во Украина.

Според различни проценки на руски и западни воени аналитичари, од 10 до 18 октомври руските сили уништиле или сериозно оштетиле околу 40 отсто од целата енергетска структура на Украина.

Сите објекти не се целосно уништени, некои сè уште може да се поправат, но вооружените сили на Русија тие објекти ги гаѓаат во по неколку налети, очигледно со намера трајно да ги онеспособат.

Украина забрзано се обидува да обнови дел од електроенергетскиот систем, со цел да го спречи или одложи колапсот на целиот систем.

Доколку нападите од руските крстосувачки ракети и иранските „мопеди“ (дронови) продолжат со ова темпо, се претпоставува дека Украина до почетокот на ноември би можела да остане во целосен мрак.