Топ листа со највлијателните луѓе на интернет – меѓу нив е и Трамп


Меси против Левандовски -11 ден ↓↓↓



Кајли Џенер, Канје Вест, Ријана, Бизи Филипс и Мет Драџ го чинат врвот на листата со највлијателни луѓе на интернет, која ја направи влијателниот магазин Time.

А меѓу нив е вброен и човекот кој има 53 милиони следбеници на Твитер, американскиот претседател Доналд Џ. Трамп.

Time го вброи овие јавни личности на својата годишна листа, земајќи ги во предвид нивното глобално влијание на социјалните мрежи и вкупната способност да пласираат вести.

Меѓу останатите кои се најдоа на оваа престижна листа со влијателни фаци се и корејската поп ѕвезда BTS, Логан и Џејк Пол и социјалинте активисти Шон Кинг, Еман ал-Нафџан, како и студентите од Паркланд, Флорида, кои инсистираа на реформи во законот за поседување оружје.

Кога станува збор за Трамп, од Time наведуваат дека неговиот „неортодоксен тек на свеста“ креира насловни страни и ја галванизира неговата база. Списанието му оддаде признание на американскиот претседател за тоа што неговиот Твитер профил го претвори во „врвна претседателска кавгаџиска говорница“, пренесува Associated Press.