Home Шоубизнис Том Хенкс и Рита Вилсон го прележаа коронавирусот – парот се врати во Лос Анџелес

Том Хенкс и Рита Вилсон го прележаа коронавирусот – парот се врати во Лос Анџелес

Откако им беше дијагностициран коронавирус, славниот актер и оскаровец Том Хенкс и неговата сопруга, актерката Рита Вилсон, беа во домашен карантин во Австралија, каде беа затекнати од заразата. Но, тие го прележаа заболувањето од вирусот и сега се вратија дома во Лос Анџелес.

Брачната двојка со приватен авион од Австраија се врати во Лос Анџелес. Том и Рита во одлично расположение со насмевки на лицата се фотографирана на аеродромот во Лос Анџелес.

Том Хенкс и Рита Вилсон беа првите јавни личности од Холивуд заразени со Ковид -19. Брачниот пар се зарази со коронавирусот за време на снимањето на филм во Австралија. Том и Рита поради позитивните тестови мораа да минат во изолација 14 дена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …