Home Вебкафе Тинејџерката му прати селфи во бикини на дечкото – типот испадна тиквар со коментарот

Тинејџерката му прати селфи во бикини на дечкото – типот испадна тиквар со коментарот

Кети Теста е 19-годишна тинејџерка од Флорида која крена прашина на социјалните мрежи откако го објави одговорот од нејзиниот дечко Мет на селфито кое му го пратила во приватна порака, а на кое позира облечена во бикини.

„Имаш целулит на нозете и го мразам тоа, а ни стомакот не ти е таков каков што јас сакам. Тоа ми пречи откако прв пат те поканив на состанок. Жал ми е, но се чувствувам како шупак“, бил неговиот коментар на фотката кој го пратил во приватна порака.

„Добро. Бидејќи и стварно си шупак. Добра ноќ“, му вратила Кети, која објави „скриншот“ од кратката размена на пораки на Твитер. Фотографијата има собрано над 275.000 допаѓања, а Твитерџиите ѝ порачаа дека изгледа прекрасно и дека воопшто не требало да има работа со типови како Мет.

За Daily Mail Кети открила дека 20-годишниот дечко и претходно ѝ давал невкусни коментари за нејзиниот изглед, но дека ова ја повредило повеќе од сето тоа претходно. Во врска биле само пет месеци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…