Тина Тарнер ја шокираше јавноста: Размислувам за еутаназија

Тина Тарнер остави отворена можност за еутаназија откако се соочи со бубрежно заболување и по самоубиството на нејзиниот најстар син оваа година, пренесува Евока.

Пејачката која наскоро ќе наполни 80 години, мина низ бурен животен период во изминатите пет години. Поточно, таа во последните неколку години доживеа мозочен удар, а се бореше и со ракот и тешкото бубрежно заболување.

„Ова е вистинско време“, изјави Тина Тарнер за можноста за еутаназија во неодамна објавеното интервју кое го даде за Меил Сандеј.

Нејзиниот втор сопруг Ервин не можеше да живее со помислата дека може да ја загуби својата сакана Тина, па неодамна го донираше бубрегот за својата сопруга, се со цел да го преброди овој тежок период во животот.

Музичката ѕвезда повеќе не оди на дијализа благодарение на новиот бубрег кој го донираше нејзиниот 16 години помлад партнер, но во неодамнешното интервју кажа дека е спремна на смрт пред да и биде трансплантиран органот.

Исто така, Тина Тарнер за Меил Сандеј изјави дека во повеќе наврати размислувала и за суицид за да ја прекине својата потешкотија, а нејзините будистички верувања направиле да стане потполно рамнодушна кога станува збор за смртта.

Познатата американска пејачка се насочи и кон неодамнешното самоубиство на својот најстар син, велејќи дека тој имал несреќно детство, а дека за тоа најмногу се криви лошите односи помеѓу неа и нејзиниот прв сопруг.