Тијана Богичевиќ ја исполни последната желба на мајка ѝ
Мајката на Тијана Богичевиќ почина на 23 август 2024 година, а пејачката јавно се прости од неа.
— Душите на луѓето што особено ги сакаме, а кои преминале на оној свет, сјаат онолку колку што мислиме на нив на овој свет. Сѐ додека ги чуваме сеќавањата на оние што физички не се со нас, нивните души ќе сјаат силно и сјајно, борејќи се против заборавот. Душо моја, ќе недостасуваш сè додека повторно не се сретнеме. Биди спокојна во вечноста — напиша тогаш Тијана во описот на фотографијата.
На годишнината од смртта на мајка ѝ, Тијана ја преработи песната „Стихија“. Видеото беше објавено пред единаесет дена и веќе стана вистинска сензација на социјалните мрежи, а коментарите од гледачите се полни со емотивни зборови и благодарности.
Причината поради која оваа песна има толкава емоционална тежина се крие во личната приказна на пејачката. Тијана откри дека „Стихија“ била омилена песна на нејзината мајка, Анѓелка, и дека токму таа инсистирала Тијана да ја сними.
— Оваа песна ми е многу важна лично, бидејќи последната желба на мојата мајка беше да ја снимам токму неа. Таа ја сакаше таа песна и секој ден ми велеше да ѝ ја пуштам додека беше болна. Ја објавив на годишнината од нејзиното заминување — рече Тијана, а многумина признаа дека нејзината исповед ги потресла до солзи.
Авторот на песната, Душан Алагиќ, дополнително ја разнежни публиката со своето сеќавање на мајката на Тијана:
— Песната „Стихија“ ја напишав за Жељко пред повеќе од 15 години. Немав ни претпоставка дека за Анѓелка, мајката на Тијана, таа песна ќе стане утеха и прибежиште за душата во нејзините последни месеци. Ја пушташе постојано, со желба еден ден да ја чуе во изведба на Тијана. Ѝ дававме надеж дека ќе доживее да ја слушне таа верзија. Сигурни сме дека сега, некаде, ужива во неа и пее. А ние се сеќаваме на неа… и некои дни, особено денес, ја чувствуваме… барем за миг, дека е тука — рече Алагиќ.
На „Јутјуб“ може да се прочитаат стотици коментари како:
„Плачам додека ја слушам“
„Најмоќна изведба досега“
„Го почувствував секој збор“
Публиката е убедена дека Тијана не само што ја исполни последната желба на својата мајка со оваа изведба, туку му подари на целиот регион песна што засекогаш ќе остане врежана во срцата.