Home Актуелно The Hounds и Cyrillic со хуманитарна музика и песна за поддршка на Весна во нејзината битка – прилепчани, вие сте на потег на 27. декември!

The Hounds и Cyrillic со хуманитарна музика и песна за поддршка на Весна во нејзината битка – прилепчани, вие сте на потег на 27. декември!

Пораката од семејството на Весна е кратка, јасна и гласна.

„Прекрасни луѓе, славете го животот секое ново утро и секој ден како последен, бидејќи тој нема цена. Секој ден е нова надеж, а со наша помош таа расте. Голема благодарност до сите роднини, пријатели, колеги, познаници и непознати кои ја поддржувате Весна во нејзината битка.

Ајде сите заедно да бидеме хумани и да и помогнеме на оваа жена, мајка, другарка, пријателка, а пред се голем борец.

На ден 27.12.2022 (вторник), со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи хуманитарен концерт по повод битката со “чудовиштето” канцер. Концертот ќе се одржи во Арт Кафе – Апореа, а ќе настапат The Hounds и Cyrillic. Влезот е со симболична цена од 100 денари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…