Тетовец си го „киднапирал“ синот од поранешната сопруга во Тирана


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Албанската полиција во соработка со Основното јавно обвинителство во Тирана почнала постапка за пронаоѓање и приведување на македонскиот државјанин Б.М. жител на Тетово, јавува ТВ Сител.

Триесет и четиригодишниот тетовец се сомничи дека без знаење на неговата поранешна сопруга со себе го зел десетгодишниот син И.М.

Според албанските медиуми „киднапирањето“ на синот во полицијата го пријавила мајката Л.М.(32) и поранешна сопруга на тетовецот, која по разводот заедно со синот живее во Тирана.

Таа тврди дека Б.М. дошол на вообичаена посета за да го види својот син, по што го земал и заминал за Македонија без нејзино знаење.

Извор: Сител