Тешко на учениците кои претераа цела година без учебници – МОН дури сега најави нов закон за учебници


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерството за образование и наука соопшти дека експерти работат на подготовка на нацрт верзија на нов Закон за учебници во основно и во средно образование. Иницијатори за нов закон се Министерството и Педагошката служба, а целта е да се унапреди квалитетот на содржината на учебници, да се намали веројатноста од појава на грешки од различна природа во содржината и да се поедностави процесот на набавка и навремена испорака до училиштата.

На почетокот на учебната 2022-2023 немаше учебници за сите ученици, па Министерството потроши околу 640 илјади евра за да испечати привремени. Најголем дел од учениците добија учебници до крајот на првото полугодие, но се уште има предмети по кои немаат учебници.

Учениците и наставниците имаа проблеми и со содржината ан одредени учебници, како говор на омраза, погрешни информации, застарени содржини, по што се крена врева во јавноста и се бараше да се повлечат и да се напишан нови учебници.

Од Министерството за образование посочуваат дека во новиот закон ќе ги земат предвид забелешките што пристигнале до Министерството од јануари, кога беше повикана јавноста да даде забелешки и сугестии на постојното законско решение.