Home Актуелно Косовското население на чекор до безвизен режим – ЕС даде зелено светло за визна либерализација за Косово

Косовското население на чекор до безвизен режим – ЕС даде зелено светло за визна либерализација за Косово

Европскиот совет даде одоборување за визна либерализација за граѓаните на Косово.

Како што е наведено во соопштението на советот, ставот е усвоен на прво читање за патување без визи на носители на пасоши што ги издаваат косовските власти.

Тоа ќе им овозможи на граѓаните на Косово да патуваат во Европската унија (ЕУ) без визи за период од 90 дена во било кој 180-дневен период, се додава во соопштението на ЕС.

Одлуката ќе стапи во сила штом почне со работа европскиот систем за патни информации и авторизација или од 1 јануари во 2024 година.

Ваквата одлука на ЕС сега треба да ја усвои Европскиот парламент пред да потпишана и објавена во Службен весник на ЕУ.

„Косово вложи огромен труд да ја подобри безбедноста и управувањето со миграции и да се усогласи со визната политика на ЕУ. Се надеваме дека соработката во тие полиња ќе продолжи да биде плодна“, рече шведската министерка за миграции, Марија Малмер Стенергард.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…