Home Актуелно Тереза Меј најави излегување на Велика Британија од единствениот Европски пазар

Тереза Меј најави излегување на Велика Британија од единствениот Европски пазар

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека нема шанси Велика Британија  да остане во единствениот европски пазар, зашто тоа би значело дека воопшто не ја напушта ЕУ.

Меѓутоа, премиерката вети дека ќе направи сѐ за најслободен можен пристап до пазарот, после брегзит и да склучи договори со други земји во светот. Во долгоочекуваниот говор, Меј исто така соопшти дека и Собранието ќе гласа за последниот договор меѓу Велика Британија  и Европската унија. Меј вети крај на огромниот паричен придонес на Велика Британија за ЕУ.

Но лабуристите предупредија дека има огромни опасности во планот на Меј.

Премиерката го искористи говорот за да ги искаже приоритетите на Велика Британија  за преговорите на BREXIT, меѓу кои се и:

Одржување на заедничката патничка зона меѓу Велика Британија  и Република Ирска

Трговија без тарифи со ЕУ

Договор за царина со ЕУ

Нови договори за трговија со земјите надвор од ЕУ

Продолжување на практичното споделување на разузнавачки и полициски информации

Контрола врз правата за емиграција за граѓаните на ЕУ во Велика Британија  и граѓаните на Велика Британија  во ЕУ.

Пристап во фази

Меј рече дека нема да има преговори удар по удар, откако членот 50 од Лисабонскиот договор ќе биде покренат во март. Не беше нејзина намера да ги омаловажи ЕУ или пазарот, додаде таа. Меѓутоа, Меј ја предупреди ЕУ да не одговара со казни за BREXIT, затоа што би значело турбулентно само-повредување на земјите на Европа и не би било пријателско дело.

Заедничкиот пазар овозможува слободно движење на добра, услуги и работници помеѓу земјите членки. Владата претходно имаше откриено неколку детали околу тоа што сака да осигура од разговорите за брегзит, со тоа што лабуристите бараа Меј да склучи договор кој е добар за трговијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…