Тело со прострелна рана пронајдено кај скопската обиколница


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Машки леш со прострелна рана бил најден во вчера попладне околу 17 часот на обиколницата кај надвозникот за Раштански пат во Скопје.

Покрај телото имало пиштол, но засега не се знае дали станува збор за убиство или самоубиство.

Полицијата излезе на местото на настанот и констатирала дека се работи за четириесет и двегодишен скопјанец со иницијали З.Џ. На местото на настанот увид извршил јавен обвинител кој наредил да се изврши обдукција над телото на починатиот.