Телефонски разговор на Никос Коѕиас со Зоран Заев


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, вчера телефонски разговарал со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Веста за телефонската комуникација меѓу Коѕиас и Заев ја соопшти грчкото Министерство за надворешни работи, пренесува Мета.

Според проценките во грчките медиуми, се работи за симболичен политички гест од грчка страна. Телевизијата Скај коментира дека ова е политички гест кој ја покажува стратешката реалистичност на грчката дипломатија.

Коѕиас пред една недела имаше средба и со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, на маргините на неформалниот самит на министрите за надворешни работи на ЕУ. Шефот на грчката дипломатија по насилните инциденти во македонското собрание испрати пораки дека Грција се залага и ја поддржува стабилноста во Македонија, како и дека е неопходно сите политички актери во Македонија да се однесуваат во согласност со демократските принципи и вредности.