Татко за пофалба: За својата ќерка направи импресивен вселенски брод


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кога станува збор за школските проекти, некои родители даваат сè од себе за нивното дете да го има најдобриот изум во школото. Тоа го направи и Џон Стодард, кој за својата ќерка изработи неверојатно автентичен вселенски брод од картон кој ги изненади и учениците и наставниците во школото.

Стодард направи реплика на вселенскиот брод од култното продолжение на Star Wars од ’80-те години, The Empire Strikes Back.

„Учениците и родителите на крајот од секоја година од картон и други материјали прават автомобили или вселенски бродови во кои нивните деца ќе седат и ќе гледаат филм во последните денови од школската година. Мојата ќерка веќе држи рекорд со ваквите изуми“, вели Стодард.

За креирање на вселенскиот брод, Стодард користеше картон, селотејп и гумирана лента со која ги зајакна разни делови и рабови на творбата. Кога го направи телото на бродот, го обои во сиво со неколку портокалови траки. На крајот додаде и неколку оштетувања за бродот да изгледа баш како од Star Wars. Неговата 6-годишна ќерка беше пресреќна од оваа творба на нејзиниот татко.