Тајните на животот во харем: „Бев љубовница на трговец со оружје, чекав ред за секс и уживав во кокаин“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Бев љубовница на милијардер и трговец со оружје, а со него потпишав договор дека секогаш ќе му бидам на располагање, но никогаш не се сметав за проститутка“ – тоа во најкратки црти е пресекот на животот од бившата манекенка Џил Дод, која во текот на гостувањето во емисијата 60 Minutes ги откри тајните од својто бурен однос со човекот кој се сметал за еден од најбогатите луѓе на светот.

Во животот на обичните смртници, Џил е сосема обична 58-годишна жена, успешна бизнисменка и мајка на три деца, но таа цврсто одлучила дека нема да се срами од своето бурно минато исполнето со хедонизам, разврат, секс и дрога.

A post shared by Jill Dodd (@jill_dodd) on

Во осумдесеттите години од минатиот век Џил била дел од харемот на контроверзниот шеик и трговец со оружје, Аднан Кашоги, за што напишала и книга. Сите тајни од разузданиот живот во младоста одлучи да ги открие во своето гостување во емисијата 60 Minutes.

„Шеикот го запознав во Кан, на една забава, кога имав само 21 година. Ми се претстави така што се пресече на раката и со својата крв врз мојата рака напиша Те сакам. Бев шокирана, но истовремено тоа беше духовно и слатко“, признава Џил.

Кашоги тогаш веќе бил оженет, но неговата културолошко-верска припадност, покрај неговата сопруга, му дозволувала право на 12 жени за задоволство. Така, Џил набрзо станала дел од неговиот харем. Живеела во Саудиска Арабија во неговите луксузни одаи и таму чекала на ред за секс со трговецот со оружје.

A post shared by Jill Dodd (@jill_dodd) on

Пред да имаат било каква врска, Џил и Кашоги потпишале договор на пет години, а таа се обврзала дека ќе му биде на располагање 24 часа дневно.

„Сепак, никогаш не се сметав за проститутка“, вели Дод.

Често оделе на гламурозни забави со политичари и членови на кралски семејства, а неретко на тие забави се уживало и дрога.

„Повремено користевме кокаин. Ќе се заклучевме во соба со денови, ќе водевме љубов, а нашиот личен кувар ќе ни носеше храна“, опишува Џил и додава дека верува оти тоа време била вљубена во него.

A post shared by Jill Dodd (@jill_dodd) on

Но, без оглед на тоа, таа одлучила да го напушти седум години подоцна и својот живот да го насочи во целосно спротивна насока. Се омажила, родила три деца и го иницирала популарниот бренд на облека Roxy од кој и денес добро заработува.

Кашоги почина во јуни оваа година, само неколку дена откако Џил ја објави својата автобиографска книга за животот во харемот „Цената на љубовта: Храбро патување за пронаоѓање на љубов“.