СЗО порачува: Пандемијата на коронавирус може да се совлада со глобален пристап и строг надзор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според изјавата на шефот на Светската здравствена организација, пандемијата на актуелниот коронавирус е „совладлива“, само е потребен строг надзор. Ова било истакнато на состанокот со претставници на државите-членки во седиштето на таа специјализирана агенција на Обединетите нации во Женева.

„Ова е пандемија што може да се совлада“, рече Тедрос Аданом Гебрејесус, додавајќи дека не може да се бориме против вирусот ако не знаеме каде се наоѓа.

„Ова значи дека треба да се воспостави силен надзор за да се пронајде, изолира, тестира и лекува секој случај за да се прекине синџирот на трансмисија“, им рекол шефот на СЗО на дипломатите.

Според него, земјите треба да усвојат „глобален пристап, приспособен на својата состојба“, а главниот столб треба да биде формирањето брани.

Тој ги повика државите да постигнат праведна рамнотежа помеѓу заштитата на здравјето, спречувањето економски и социјални нарушувања и почитувањето на човековите права.

Во светот се забележани над 125.000 случаи на зараза во повеќе од сто земји и територии, а 4.600 луѓе починале, според билансот на состојба што го подготви Франс прес од официјални извори.

„За да спасиме животи, треба да го намалиме преносот. Ова значи да пронајдеме и да изолираме што е можно повеќе случаи и да ги ставиме во карантин нивните најблиски контакти“, рече шефот на СЗО.

Тој рече дека иако пренесувањето на инфекцијата не може да се запре, може да се забави и со тоа да се заштитат здравствените установи, старечките домови и други витални простории, но само доколку бидат тестирани сите сомнителни случаи.

Тој рече дека на некои земји им недостигаат средства и дека неговата организација работи деноноќно за да им помогне.

СЗО веќе испратила заштитна опрема во 57 земји и се подготвува да ја испрати до уште 28.

Испратиле и лабораториска опрема во 120 земји.