Home Шоубизнис Своевремено ја нарекуваа „најубавата жена на светот“: Почина актерката Џина Лолобриџида

Своевремено ја нарекуваа „најубавата жена на светот“: Почина актерката Џина Лолобриџида

Една од култните диви на европската кинематографска сцена во ’50-те и ’60-те години на минатиот век, Џина Лолобриџида, почина на 95 години, објави италијанската новинска агенција „Анса“. Своевремено наречена „најубавата жена на светот“, Лолобриџида глумеше покрај Хемфри Богарт, Ерол Флин, Френк Синатра и Рок Хадсон.

Родена на 4 јули 1927, Лолобриџида студирала вајарство на римската академија за ликовни уметности. Во 1947 го освоила третото место на изборот за Мис Италија и потоа се омажила за словенечкиот лекар Милко Шкофич, но и го привлекла вниманието на американскиот филмски могул Хауард Хјуз, кој не само што ѝ понудил слава во Холивуд, туку и брак. По тримесечен престој во САД, Хјуз ѝ понудил седумгодишен договор, кој бил прескап за холивудските студија да ја ангажираат, па Лолобриџида се вратила во Европа.

Избегнувајќи го Холивуд, Лолобриџида работела во Франција и Италија, а првиот филм на англиски јазик ѝ бил „Beat the Devil“ на Џон Хјустон. Таа сфатила дека станала светска ѕвезда дури кога во Аргентина ја пречекале 60.000 фанови.

Нејзината филмска кариера почнала да бледнее во втората половина на 1960-ите, по што повеќе се посвети на фотографирањето, вајарството и политиката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…