Шакира „ангажираше“ вештерка против семејството на Пике


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Односите меѓу семејството на славната латино пејачка Шакира и нејзиниот бивш партнер Пике се нарушени веќе некое време, но овој пат пејачката отиде чекор понатаму и на својот балкон постави кукла вештерка и ја насочи кон куќата на поранешната свекрва, пишува Marca.

Нејзиниот бизарен потег наводно го загрижило семејството на Пике, а вештерката закована на метла била првото нешто што го забележала неговата мајка Монсерат Бернабеу.

Новинарот Марк Леирадо Милан во една шпанска емисија изјавил дека мајката на Пике побарала од персоналот на Шакира да ја свратат вештерката за да не гледа во нивната куќа, која е на истата улица, но Шакира одбила да го стори тоа.

Истиот новинар појаснил дека ваквата состојба трае веќе неколку недели и дека, очигледно, не се работи за безопасна шега.

„Пред неколку недели добив информација дека мајката на Пике е загрижена за можен ритуал кој ѝ е направен преку вештерката, но јас тогаш не обрнував многу внимание на тоа“, изјавил тој.

Да потсетиме, Шакира неодамна објави песна што соборува рекорди, упатена до Пике. Пике наводно ја запознал својата нова девојка со родителите на Шакира, кои живеат во негова близина, а минатото лето пејачката сакала да изгради ѕидови околу нејзината куќа за да го спречи пристапот до неговите родители.