Home Актуелно Светски пад на продажбата на мобилни телефони

Светски пад на продажбата на мобилни телефони

Во вториот квартал од годината на глобално ниво продадени се 316 милиони паметни телефони или девет проценти помалку во споредба со истиот период од 2021 година.

Падот на продажбата се должи на инфлацијата и другите економски препреки, се наведува во извештајот на аналитичката компанија Каналис (Canalys).

И покрај вкупниот пад, продажбата на паметни телефони на Епл (Apple) и на Самсунг (Samsung) и понатаму се на првите две места по продажба, како и меѓу првите пет, кои единствени го зголемиле пазарниот удел.

Самсунг сè уште е број еден во светот и по вториот квартал од 2022 година има најголем пазарен удел во однос на испораките на паметни телефони, со 21 отсто, што е зголемување од 18 проценти во споредба со истото тримесечје од 2021 година, додека втор е Епл со пазарен удел од 17 отсто, исто така зголемен, од минатогодишните 14 проценти.

Меѓу првите пет добавувачи кои бележат пад од три до еден отсто на продажбата се Шаоми (Xiaomi), Опо (Oppo) и Виво (Vivo). Шаоми минатата година имаше 17 отсто удел на пазарот, а годинава 14, додека Опо од 11 падна на 10, а Виво од 10 на девет проценти.

Според аналитичарите на Каналис, прекумерната понуда на телефони од средна класа и цена, доведува до трупање на резерви поради тоа што купувачите поради инфлацијата купуваат телефони со пониски цени и се очекува продавачите да ги засилат промоциите и специјалните понуди во наредните месеци за да ја поттикнат продажба и пред периодот на празници кон крајот на годината.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…