Пет месеци војна во Украина – Зеленски е убеден дека победуваат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ќе го заштитиме она што е наше“, напиша претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на Телеграм на 24 јули, по повод пет месеци откако Русија ја за почна инвазијата врз Украина на 24 февруари.

„Ќе победиме. Војната не ја скрши Украина и нема да ја скрши“, додаде тој.

Зеленски, исто така, ги повтори повиците до меѓународната заедница да го обезбеди оружјето што ѝ е потребно на Украина за да го одбие рускиот напад и да ја ослободи украинската територија што е окупирана од Москва.

Украина ќе го извезува житото и покрај рускиот напад на Одеса

Илјадници Украинци се убиени, а милиони раселени откако Москва ја започна, како што ја нарекува својата „специјална воена операција“ во Украина.

Зеленски истакна дека војната во последните пет месеци е продолжение на првичниот напад на Русија врз неговата земја пред осум години, кога Москва го анектираше украинскиот црноморски регион Крим и поттикна сепаратистички конфликт во делови од источна Украина.