Home Актуелно Светска банка апелира: Епидемијата на коронавирус ќе ја внесе во Македонија во рецесија

Светска банка апелира: Епидемијата на коронавирус ќе ја внесе во Македонија во рецесија

Според најновиот извештај на Светската банка посветен на Македонија, направен заклучно со 20 март оваа година, пандемијата на коронавирус ќе ја внесе земјава во рецесија, која ќе се зголеми ако кризата продолжи и во вториот годишен квартал.

Во извештајот се додава и дека економските и социјалните мерки ќе бидат приоритетни додека пандемијата не биде ставена под контрола, но се нагласува дека во периодот на закрепнување по рецесијата ќе бидат потребни дополнителни реформи за одржливо забрзување на економскиот раст. Од светска банка најавуваат и пакет на помош за земјава во висина од 140 милиони евра.

-Ако епидемијата и рестриктивните мерки на национално и глобално ниво продолжат и во вториот квартал, рецесијата ќе биде потешка и ќе ги елиминира подобрувањата на пазарот на трудот од последните години и ќе ја продлабочи фискалната ранливост“-Светска банка.

Данела Арсовска од Сојузот на стопански комори вели дека извештајот е во иста линија со досегашните прогнози дека Македонија ја очекува негативен економски раст. Според неа, помошта од 140 милиони евра од Светската Банка е само дел од потребното и вели дека потребни се порадикални мерки за спас на економијата.

Во меѓувреме, и од ООН излегоа со сопствена студија, според која очекуваат сиромаштијата на глобално ниво да добие енормно зголемување. Според студијата, поради кризата со коронавирусот, се очекува половина милијарда лица на глобално ниво да останат на работ на егзистенцијата.

Од светската организација предупредуваат дека најпогодени со економските последици би биле деловите на југоисточна Азија и супсахарска Африка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…