Коронавирус во Македонија: Во последните 24 часа 69 новозаразени пациенти


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според најновите информации од Министерството за здравство во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на корона вирусот, пренесува Мета.

Најмногу случаи, вкупно 13, се регистрирани во Куманово, а по него следува Скопје со 12, Прилеп и Велес со по 8, Струга со 2, додека во Тетово, Кочани и Пробиштип се регистрирани по 1 нов случај.

Со најновите податоци, вкупниот број на дијагностицирани случаи во нашата земја се искачи на 663. Според местото на живеење, најмногу случаи се регистрирани во Скопје (273), по што следуваат Куманово (143), Дебар (49), Прилеп (46), Тетово (30), Струга (30), Штип (20), Кочани (19), Велес (18), Битола (8), Гевгелија (4), Гостивар (4), Радовиш (4), Крушево (3), Крива Паланка (3), Охрид (3), Кавадарци (3), Струмица (2) и Пробиштип (1).

Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) –194, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –19 , Биотек –24  и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19.

Од Министерството за здравство информираат дека починатата родилка од Куманово, за која што медиумите објавија вчера попладне, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ.

Кај притвореник во затворот во Шутк, кој починал од срцев удар, утврдено е присуство на вирусот Ковид-19, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа тој, моментално се прават епидемиолошки анкети на сите коишто биле во контакт со него.