Судскиот совет им го одзеде имунитетот на пет судии од Управниот суд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Извесно е оти се работи за пет судии на Управниот суд, обвинети во предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство. Овој случај се однесува на изборни нерегуларности за локалните од 2013 година, јавува МРТ.

Судскиот совет донесе одлука за одземање на имунитетот на судии. Седницата беше затворена за јавноста. Извесно е оти се работи за пет судии на Управниот суд, обвинети во предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство. Овој случај се однесува на изборни нерегуларности за локалните од 2013 година.

Исто така, на продолжението на 261-та седница на Судскиот совет е донесено решение за престанок на функција на Абдула Лимани, судија од скопска Апелација поради навршени 64 години. Поради истата причина е донесено решение и за Јаготка Денковска од кумановскиот Основен суд.