Судија на претходна постапка му го укина домашниот притвор на Стевче Јакимовски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако минатата недела судија на претходна постапка му ја укина мерката притвор и му одреди мерки на претпазливост, Стевчо Јакимовски излезе од куќен притвор.

„Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за укинување на мерката куќен притвор и определување мерки за претпазливост, судијата го прифати предлогот и го укина куќниот притвор“, велат од судот.

Судот му одреди мерка куќен притвор на Поранешниот градоначалник на Општина Карпош во март годинава. Тој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.