Home Актуелно Студено понеделничко утро и сончев ден

Студено понеделничко утро и сончев ден

Денеска, понеделник, 13. март, времето во Македонија наутро ќе биде студено, а преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Во Скопје сончево и тивко со температури до 14 Целзиусови степени. Маврово 7, Охрид 12, Битола 14, Крива Паланка и Берово 12, Кавадарци 15, Дојран 17 степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Дневните температури ќе се движат од 9 до 18 степени.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…