Студена мартовска среда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот мартовски ден, среда, 17 март, во Македонија носи променливо облачно, студено и ветровито време. На планините со услови за провејување на слаб снег, на југозападот понекаде со слаб дожд. Попладне ќе биде посончево. Ќе дува засилен, во источните делови и вдолж Повардарието силен северозападен ветер (на места ќе достигнува брзина и над 60 км/час).

Утринската температура ќе се движи од -2 до 6, а дневната од 3 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно и ветровито, попладне посончево. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 10 степени. Маврово 2, Охрид 7, Битола 10, Крива Паланка 3, Берово 4, Кавадарци 11, Дојран 13 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди, а претежно на планините повремено ќе провејува снег. Утринските температури во четврток и во петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува од сабота попладне.