Home Актуелно Рашковски за „Фокус“: Не сум избеган, на семеен одмор во Мексико сум

Рашковски за „Фокус“: Не сум избеган, на семеен одмор во Мексико сум

Откако изби скандалот поврзан со неговото име и набавен софтвер за сообраќајни прекршоци за во МВР, среде новиот пандемиски бран од КОВИД-19, бившиот Генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, тврди дека со семејството е на годишен одмор во Мексико, а не дека е избеган од Македонија, потенцирајќи дека нема место за сензација.

„Нема место за сензација, на годишен одмор сум во Мексико. Заминавме на 14 -ти и таму ќе бидеме до 31 овој месец. Три години не сум бил на одмор, на сопругата ѝ е роденден. Следам сѐ што се случува“, вели Рашковски за „Фокус“.

Вакви вести се пласираат откако 360 степени објави серија прилози дека Рашковски додека бил генерален секретар во Владата набавил софтвер за сообраќајни прекршоци за камерите од „Безбеден град“ кој никогаш не бил искористен. Софтверот го патентирал самиот Рашковски, а Министерство за внатрешни работи не било информирано за набавката, тврдат дека не им бил потребен таков софтвер и дека немало координација за набавката.

Каде е Рашковски вчера новинарите го прашаа и премиерот Зоран Заев, кој рече дека не знае за секој вработен во Владата каде е и дали можеби некој користи одмор и најави дека ќе провери каде е Рашковски и ќе ја информира јавноста.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…