Home Актуелно Студен петок и ист таков викенд

Студен петок и ист таков викенд

Денеска, 11. март, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а долж Поварадрието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Претежно претпладне и особено во северните и централните делови од земјава повремено ќе провејува слаб снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Според прогнозата на УХМР, до недела ќе се задржи променливо облачно и студено време со умерен северен ветер. Температурите и понатаму ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.

Утринските температури ќе бидат особено ниски и на некои места ќе се спуштаат под -10 степени, најниски ќе бидат за време на викендот. Постепен пораст на температурите ќе почне од понеделник.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…