Студен и сив четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И денеска, 10. март, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 6 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 3 степени. Маврово -5, Охрид 2, Битола 0, Крива Паланка -2. Берово -1, Кавадарци 5, Дојран 6.

До недела ќе се задржи променливо облачно и студено време со умерен северен ветер. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Особено ниски ќе бидат утринските температури кои на места ќе се спуштаат под -10 степени. Постепен пораст на температурите се очекува од понеделник