Home Актуелно Студен бран ја зафаќа Македонија – земјоделците да си ги заштитат насадите

Студен бран ја зафаќа Македонија – земјоделците да си ги заштитат насадите

Почнувајќи од вчера (среда) па до сабота, територијата на нашата држава ќе биде под влијание на зимскиот циклон кој ќе условува врнежливо време а поради спуштање на многу постуден воздух од Арктикот температурите на воздухот уште од оваа ноќ ќе опаднат дури за околу 10-тина степени локално и за повеќе.

Сето ова ќе услови врнежите од дожд постепено да поминуваат во врнежи од снег и на пониските места најпрвин на север и северозапад а потоа и на запад додека во јужната половина врнежите ќе бидат од дожд и од снег а на југоисток и Долж Повардарието истите ќе бидат од дожд.

Потенка снежна покривка е можна и на некои од пониските места на северот, северозападот и на западот од државава додека на повисоките места и на планините значително ќе се зголеми и тоа некаде за 20 до 30 цм додека на повисоките планини и за преку 30 – 40 цм.

До сабота минималните температури на воздухот ќе бидат далеку под просекот за овој дел од годината и на повеќе места ќе се спуштаат во негатива поточно истите ќе с еспуштаат во интервалот од -5 до 4 степени додека на планините истите ќе бидат многу пониски.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени додека Долж Повардарието и на југоисток истит еќе се искачуваат до околу па и малку над 10 степени.

Сето ова ќе биде проследено со северен и североисточен ветер кој повремено ќе се засилува по интензитет.

Со оглед на тоа дека во следните неколку денови ќе има значително пониски температури на воздухот и истите ќе бидат далеку под просекот за овој дел од годината ги предупредуваме на сите земјоделци да си ги заштитат своите земјоделски култури и насади поради значителната опасност од појава на мразеви.

Метеомакс

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…