Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Премиерот на Албанија Еди Рама јавноста веќе навикна да го гледа во неконвенционално издание и со исто такво однесување.
Овој пат Рама ги изненади сите, особено италијанската премиерка Џорџа Мелони, со својот потег на неодамнешниот самит на Европската политичка заедница во Кишињев.
Како што може да се види на видеата кои се појавија на социјалните мрежи, Рама и пријде одзади на премиерката на Италија, буквално ја грабна во силна прегратка и ја бакна во образот.
Интимноста на Рама со светските лидери првпат се најде во фокусот на медиумите кога тој го бакна Жан-Клод Јункер за време на состанокот во 2019 година.
Тој ја бакна раката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за време на минатогодишниот самит во Тирана.