Стотици Австралијци на гласање излегоа по костими за пливање – поводот беше интересна понуда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стотици Австралијци со право на глас на изборите излегоа на гласање облечени само во костими за капење.

Од компанијата „Budgy Smuggler“, која произведува костими за капење упатиле повик дека секој кој ќе излезе да гласа во костим за капење ќе биде награден со бесплатен пар од нивните костими за капење.

За да добијат бесплатен пар, гласачите требало да се појават на гласање во костим за капење, да се фотографираат и да ја споделат фотографијата со хаштагот #SmugglersDecide.

„Мислевме дека можеби еден или двајца ќе го сторат тоа … стотици излегоа“, изјавил сопственикот на компанијата Адам Линфорд, пренесе „ladbible“.