Стотина жртви и над милион погодени од вулканската катастрофа во Гватемала


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најмалку 100 човечки животи беа однесени од вулкан Фуего во Гватемала, пренесоа светските новински агенции.

Нивниот број рапидно расте. Скоро 200 луѓе се водат за исчезнати. Потсетуваме дека еруптира неколку пати.

Претседателот Џими Моралес најави вонредна состојба.

Според властите, најмалку 1,7 милиони луѓе се погодени од катастрофата. Повеќе од 3.000 локални жители се евакуирани, многу од нив се во привремени засолништа.
Се очекува активноста на вулканот да продолжи. Ова е најсериозна ерупција на Фуе во последниве години.