
Здравствената состојба на Оливер Мандиќ веќе некое време не е добра.
Музичарот, кој во јули ќе наполни 73 години, веќе извесен период се жали на здравствени проблеми, поради што лекарите му препорачале операција.
Дека здравствените проблеми се причина поради која Оливер Мандиќ е хоспитализиран и чека хируршка интервенција, денеска откри неговиот долгогодишен пријател Жељко Митровиќ.
Тој ја сподели оваа вест со своите следбеници на Инстаграм:
„Мојот драг пријател и брат, еден од петте најголеми српски рокенрол уметници на овие простори и на сите времиња, Оливер Мандиќ, утре има тешка операција, па морав да го посетам и да му посакам среќа!“
„П.С. Сигурен сум дека ја сака оваа своја песна и дека ќе биде добро, затоа што пријателите се грижат за него!“ – напиша Митровиќ под фотографијата на која позира покрај неговата болничка постела, додека во позадина се слушаше песната “Ослони се на мене ти”.
Како што Story ексклузивно дознава, Оливер утре ќе биде подложен на операција на р’бетот.
Веќе подолго време се соочува со овој проблем, пробувајќи различни неинвазивни третмани, како електрични стимулации, но сега дојде ред на хируршка интервенција.
Неговата сопруга и ќерка се надеваат на позитивен исход, но според лекарите, сѐ уште е неизвесно бидејќи станува збор за р’бетниот столб.