Став на Стојанче Ангелов за предлогот од ВМРО-ДПМНЕ на Ковачки за тенички министер за внатрешни


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шансите за прифаќање на првиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ на потполковник Драган Ковачки за технички министер за внатрешни работи од страна на владејачката партија СДСМ се речиси рамни на нула. Ова го тврдат извори од СДСН на три дена пред определениот датум за избор на техничка влада која треба да ги организира предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.

Предлозите за нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, како што велат од СДСМ, во Собранието, всушност, треба да ги достави Оливер Спасовски, откако претседателот Стево Пендаровски ќе му го даде мандатот за формирање на техничката влада. Според тоа, речиси извесно е дека Ковачки нема да биде на тој список. Од СДСМ очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да предложи друго име за министер за внатрешни работи, кое нема да биде во спротивност со Уставот. Деновиве го чекаат и предлогот за министер за труд и социјална политика. Предлозите за дополнителни заменик-министри, пак, Спасовски би требало да ги достави до парламентот откако ќе биде избран за премиер, што се очекува да се реализира на 4 јануари, пренесува Плус Инфо.

Неспорно е дека полковникот Драган Ковачки има одлично воено образование. Неспорно е дека има и одлично професионално искуство. Ако на тоа го додадеме и неговото борбено искуство од 2001-та како и военото искуство од Ирак доаѓаме до неспорен заклучок дека се работи за врвен воен професионалец.

Но, исто така, неспорно е дека според член 97 од Уставот, ниту тој, ниту кој било друг кој последните три години пред изборот не бил цивилно лице, не смее да биде министер за внатрешни работи ниту пак министер за одбрана.

Единствено спорни се мотивите на уставотворецот за внесувањето на ваква рестриктивна одредба во нашиот Устав, особено ако се земе предвид дека токму според член 9 од истиот Устав граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. За тоа, во некоја друга прилика.

За надминување на сегашната и превенирање на некоја идна слична ситуација предлагам по завршувањето на изборите да се отвори оваа тема и сериозно да се разгледаат аргументите за и против оваа забрана.

Како и да е, сѐ додека не се избрише оваа уставна забрана, никој кој не бил цивил три години пред изборот, вклучитено и полковникот Ковачки, не може да биде избран за министер за внатрешни работи, ниту пак за министер за одбрана.

А доколку ВМРО-ДПМНЕ се искрени во намерата со неспорно одличниот кандидат, полковникот Ковачки, имаат можност, еден ден, кога ќе формираат влада, да го именуваат за директор на Бирото за јавна безбедност или на друга висока државна функција.