Средба во луксузниот „Капела“: Јонг-ун и Трамп на 12 јуни на Сентоса


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Средбата помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун е договорена да се одржи на 12 јуни во луксузниот хотел „Капела“ на островот Сентоса во Сингапур, прнесуваат од Белата куќа.

Делот од градот каде се наоѓа Министерството за надворешни работи, американската амбасада и неколку хотели, Сингапур денеска ги прогласи за заштитена зона од 10 до 14 јуни.

Во таа зона е вклучен и островот Сентоса и морскиот појас од еден километар долж југозападниот брег.

Сингапурската Влада најави дека полицијата ќе спроведува построга контрола на лицата и стоките и дека над заштитената зона нема да бидат дозволени летови.

Капела, во колонијален стил, е хотел со пет ѕвездички на островот Сентоса, кој може да се пофали со неколку одморалишта, хотели, два терени за голф и тематски парк.