Актуелно

Советот на амбасадори со критика до Бугарија: Не се покажавте како европски ориентирана земја

Откако Бугарија стави вето кон Македонија за отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ, негативен став кон овој потег изрази и Советот на амбасадори.

Имено, во соопштението кое ти е го објавија, се наведува дека не може добрососедските односи да се градат врз база на минатото на земјите, односно негирање на истото, како и да се негираат јазикот и културните вредности и тоа преку правото на одредена земја од Унијата да стави вето на земја која е апсирант да стане дел од таа заедница.

„Со овој непримерен чин, Република Бугарија не се претстави пред светот како европски ориентирана земја која ги почитува и применува европските вредности и стандарди на самоопределување, човекови права, демократија, јазичните и културните вредности и различности. Советот на амбасадори смета дека доколку се пропушти можноста за соодветно решение до и на самиот Самит на ЕУ, дека во рамки на неодамнешните реформи на процесот на проширување на Европската Унија, ќе биде испуштена приликата за корекција на принципот на општ консенсуз при донесување на одлуките со посовремен и поефикасен начин на донесување на одлуки“, се вели во соопштението.

Советот на амбасадори упати порака, особено значајна за Бугарија во која вели да се вложат вистински напори и да се донесе вистинска одлука. Тоа значи како што велат, Северна Македонија и ЕУ во декември да ги оддржат преговорите за членство во Унијата.

To Top