Живот

Совети за родителите: Овие нешта никогаш не треба да му ги велите на вашето дете

Младите современи и модерни родители во процесот на воспитување на малите деца наметнаа нови трендови кои во извесна мера тежнеат кон разгалување. А кога на тоа ќе се додадат постарите практики и совети кои младите родители ги слушнале од своите родители и баби и дедовци, тогаш настанува една малку неконзистентна комбинација од воспитни методи.

Иако многу често на децата им го пренесуваме она што сме го слушнале од нашите родители, некои изјави децата не ги сфаќаат онака како што мислиме ние и затоа е важно да знаете дека некои работи не треба да ги кажувате пред вашето дете.

Нема сомнеж дека совесните родители им го посакуваат најдоброто на нивните деца. Поради тоа, тие го контролираат секој чекор на нивното дете и се обидуваат да го научат и да го мотивираат. Меѓутоа, неколку фрази можат да наштетат на психата на вашите деца.

Bright Side направи листа на работи кои не треба да ги кажувате на вашите деца.

„Можеш да бидеш што ќе посакаш“

Поддршката на децата и нивното хоби и позитивна работа, меѓутоа нивната прекумерна амбиција исто така има и негативно влијание, покажуваат истражувањата. Важно е да му дадете до знаење на вашето дете дека треба да има и план Б во случај да не успее да ги оствари соновите за неговата идна кариера. Не може секое дете да стане познат хирург, НБА ѕвезда или астронаут, дури и доколку работи на остварување на таа цел и тоа е сосема во ред.

Работата на родителот е да му покаже на детето дека треба да има реални очекувања и дека некогаш во животот може да се разочара.

„Направи го тоа, дури и ако не можеш“

Кога се во прашање физичкиот напор, ваквите реченици можат да му наштетат на детето. Оваа фраза најчесто доаѓа од фрустрираните родители кои не ги оствариле сопствените цели па сега сакаат тоа да му го наметнат на нивното дете.

„Ист си како твојот татко/твојата мајка“

Нема ништо лошо доколку ги споредувате децата со родителите, но доколку е во позитивна смисла. Овие фрази имаат негативна конотација и со нив се критикува однесувањето на детето и родителите. Тоа ги збунува децата кои мислат дека треба да ги задоволуваат барањата само на едниот родител.

„Ти си најдобар, другите се надвор од твојата лига“

Дури и кога го изговарате ова со голема љубов, идеализирањето на детето може да има негативни последици за неговата самодоверба. Ова ги доведува до ситуација да не пробуваат нешто ново, плашејќи се од неуспех.

„Јади зеленчук, многу е здрав“

Со текот на времето, оваа фраза за децата ќе стане синоним за „не е вкусно“. Затоа, доколку сакате вашето дете да јаде овошје, кажете му дека е вкусно и убаво.

„Дозволи ми да ти помогнам“

Детето само ќе ви каже доколку му треба помош. Понекогаш е најважно да го оставите да се снаоѓа само, да го реши проблемот и да стекне искуство.

„Не допирај, ќе го скршиш“

Доколку постојано ја повторувате оваа фраза, вашето дете ќе нема самодоверба. Откако ќе ја слушне оваа реченица, детето најверојатно ќе го скрши предметот кој ви е драг бидејќи сте го подготвиле за такво сценарио. Подобро кажете му: „внимавај, ова може да се скрши“.

„Мама не плаче, сè е во ред“

Обидувајќи се да го заштите вашето дете од непотребна грижа, ставате маска и се преправате дека сè е во ред. Меѓутоа, децата ги чувствуваат лажните емоции и се плашат од нив. Доколку ги поттиснувате негативните емоции и ги глумите позитивните, тоа ќе го влоши вашето здравје, но и односот со детето. Треба да му покажете на вашето дете дека е во ред да покажува емоции.

„Не разговарај со непознати“

Овој концепт е премногу комплициран за да го разбере детето. Во овој случај, детето можеби ќе одбие или нема да побара помош ниту од полицаец или пожарникар. Наместо да му забраните да разговара со непознати, објаснете му како треба да се однесува во ситуација кога ќе му се приближи некој сомнителен човек или кога некој ќе го повика да го однесе дома.

Advertisements
To Top