Сончево со мала до умерена облачност


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 7 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 16 до 25 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 6 и дневна до 24 степени.

До петок ќе се задржи претежно сончево и топло време, а услови за краткотраен дожд ќе има попладне само во планинските региони. Во сабота попладне и во вечерните часови ќе има зголемена облачност и на повеќе места ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи.

Позначителен влажен бран од север ќе помине преку нашата земја во недела попладне и во ноќните часови кон понеделник и тој ќе биде проследен со поројни врнежи од дожд и грмежи. На места се очекува да наврнат и над 25 л/м2 дожд.

Од недела вечер ќе почне да дува повремено засилен северен ветер. Во понеделник ќе настапи разведрување, но ќе се задржи ветровито и посвежо.