Home Актуелно Сончева среда со мала, умерена облачност

Сончева среда со мала, умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на дожд претежно во јужните планински региони. Ќе дува умерен северен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 7 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 14 до 23 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 5 и дневна до 21 степен.

До сабота ќе се задржи сончево време, попладне со зголемување на облачноста и со услови за краткотраен дожд претежно во планинските региони. Во сабота ќе има повеќе облачност и услови за појава на грмежи.

Позначителен влажен бран се очекува да помине во недела и во понеделник и ќе биде проследен со умерени до повремено поројни врнежи од дожд. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…