Home Актуелно Сончева среда

Сончева среда

Денешниот четврт мајски ден во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност и значително потопло.

Попладне на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 23 степени. Маврово 14, Охрид 18, Битла 21, Крива Паланка 19, Берово 17, Кавадарци 23, Дојран 24.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и уште потопло, а во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Во петок попладне ќе има зголемување на облачноста и ќе биде нестабилно, на места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локален дожд ќе има и во сабота.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…