Home Актуелно Путин по телефон на Маркон: „Престанете со праќање оружје за Украина“

Путин по телефон на Маркон: „Престанете со праќање оружје за Украина“

Рускиот претседател Владимир Путин, во телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон, апелирал дека „Западот би можел да ги запре овие страотни случувања со соодветно влијание врз властите во Киев, како и со прекинување на испораката на оружје за Украина“.

Путин ги обвини украинските сили за воени злосторства кои Европската унија ги „игнорира“.

Рускиот претседател додаде дека „и покрај некохерентноста и неподготвеноста на Киев за сериозна работа, руската страна е секогаш отворена за дијалог“ со цел да се најде решение за конфликтот.

Одговарајќи на загриженоста на Франција за безбедноста на снабдувањето со храна во светот, Путин рече дека „ситуацијата во врска со тоа е комплицирана главно од западните санкции против Русија“, се вели во соопштението.

Односите меѓу Франција и Русија се многу затегнати поради руската воена офанзива врз Украина, која почна на 24 февруари. И покрај кризата, Макрон разговарал со Путин неколку пати пред и по почетокот на руската инвазија во неуспешен обид да се најде решение, коментираат француските медиуми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…