Сончев петок со мали облачни периоди


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Овој ноемвриски петок во Македонија ќе носи сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 18 Целзиусови степени, Маврово 12, Охрид 16, Битола и Крива Паланка 17, Кавадарци 19, Берово 16, Дојран 21.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за појава на утринска магла по котлините. Дневните температури ќе достигнат во Скопје 17,Маврово 12, Окрид 15, Битола и Крива Паланка 16, Кавадарци 18, Берово 15, Дојран 19 степени.

И в недела ќе имаме променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од јужен правец. Дневните температури ќе се движат од 15 до 20 степени.