Сончев и топол вторник


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денешниот мајски вторник во Македонија носи сончево и топло време, со умерена облачност во северните делови.

Ќе дува умерен, а особено во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со умерен ветер од западен и северозападен правец, кој на моменти ќе засилува. Минималната температура ќе биде околу 11, а максималната ќе достигне 28 Целзиусови степени.
Маврово 19, Охрид 22, Битола 27, Крива Паланка 24, Берово 25, Кавадарци 29, Дојран 30 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на значително топло време, особено од четврток, кога ќе има и извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен јужен ветер.